After Midnight

Три знаци дека тој воопшто не те почитува!

Почетокот на врската се чини дека е основа за сè што доаѓа подоцна. Затоа е многу важно да останеш присебна и да се справиш со вљубеноста, што сите нас нè тера да го оправдаме секое недоразбирање и да го простиме недостатокот на почит, бидејќи за момент може да се најдеш во долга врска и повеќе да не можеш да се справиш со непочитувањето што го сервира твојот парнет од ден во ден.

Те остава да чекаш

Ги чита твоите пораки, но постојано е во гужва и одговара на нив само кога ќе најде време. Исто е и со гледањето, понекогаш се чувствуваш како да си рангирана многу ниско на неговата приоритетна листа.

Тој не ја почитува твојата интима

Тој не се двоуми да ги прочита пораките на твојот телефон, заборава дека тоа е приватна работа и постојано покажува дека се сомнева во тебе. Ако навистина не му дадеш причина за тоа, треба да разбере дека тоа е само уште еден во низата знаци дека тој не те почитува.

Тој не те слуша

Кога сте во врска, треба да разговарате, да си верувате еден на друг и да ги искажувате своите мислења подеднакво, сепак… Тој скоро никогаш не те слуша. Ако забележиш дека твоето мислење за него е банално, запрашај се што сè уште бараш во таква врска!

Напиши коментар