Free zone

Трикови кои ќе ви помогнат што помалку да го допирате лицето

„Редовно мијте ги рацете и не допирајте го лицето“ е реченицата која во последно време е толку врежана во нашата меморија, што веројатно ја рецитираме во сон. Додека ние главно совладавме правилно миење на рацете, некои од нас сè уште имаат големи проблеми со вториот дел од горенаведената реченица. Допирањето на лицето за многумина е несвесен рефлекс, а истражувањата покажуваат дека просечна личност го допира лицето 23 пати во период од еден час. Сега е исклучително важно да се минимизира таквиот контакт заради опасностa да се зарази себе си и другите, а решавањето на оваа нехигиенска навика се исплати и за да се спречи појава на акни и воспаление на кожата.

Првиот (и апсолутно неизбежен) чекор е да станете свесни за навиката – Обидете се да забележите во кои ситуации и од кои причини го допирате лицето. Многу е можно тоа да го правите во моменти на стрес и вознемиреност или автоматски да го поврзувате допирот со некои специфични активности, како што се читање или возење. После тоа, подготвени сте за следниот чекор – „Вработете“ ги рацете. Помогнете си со топка, гума или некои други помали предмети кои секогаш ќе ви бидат при рака и стратешки распоредени на местата каде најчесто го допирате лицето. Ако рацете се зафатени, ќе видите, прстите ќе одат кон лицето многу поретко.

Уште еден трик што може да ви биде од корист е да нанесете на рацете некој природен лек со многу интензивен мирис – маслото од чајно дрво е идеално бидејќи, дури и ако повторно го допрете лицето, има силни својства за дезинфекција. Интензивниот мирис ќе им пречи на мукозните мембрани на очите и носот, па така ќе избегнете контакт. Исто така, би било корисно да поставите неколку потсетници за да ве предупредат да не го допирате лицето и да ги замолите вашите најблиски да го сторат истото.

Напиши коментар