Познато е дека second hand продавниците нудат лесно достапни парчиња Но, треба да ги совладате триковите за купување, за да постигнете што е можно повеќе.
Кога има многу луѓе во продавницата, одредени работи можат да останат скриени, да паднат зад или под масата и полиците. Погледнете добро околу вас, може да откриете нешто што другите го пропуштиле. Не фрлајте некое парче облека поради малите естетски недостатоци кои ги има.
Работите секогаш ќе изгледаат подобро дома, во плакарот, отколку кога ќе ги најдете во хаос. Малите естетски работи, како копчето што недостасува, лесно се поправаат и ќе го направат вашето парче уникатно кога ќе го средите.
Не потпирајте се строго на големината напишана на етикетите
Бидејќи големините варираат од бренд до бренд, пробајте да го облечете парчето облека што го сакате, за да видите дали ви одговара. Ако вашиот фустан е малку поширок, можете да додадете појас. Бидете креативни!
Уживајте во вашиот шопинг
Купувањето во second hand продавница може да биде прилично релаксирачко искуство, затоа што можете да се препуштите на фантазијата кога не сте во точно организиран простор каде сè е претставено според најновите модни трендови. Овде можете да најдете прилично уникатни парчиња.
Исто така, проверете да не ја имате истата работа дома.
Ако сакате мода и експериментирање со стилот, користете го правилото „едно купувам, друго исфрлам“.
Ако најдовте панталони во second hand продавница, изберете пар што ќе му го дадете некому или ќе го дадете во добротворни цели.