Сигурно секоја жена испробала различни производители на лакови и дошла до заклучок дека е исто со секој лак – никој од нив не може да трае повеќе од неколку дена.
Пробајте ги овие трикови и вашиот лак сигурно ќе биде во одлична состојба цела недела.
Основа
Иако ве мрази, не прескокнувајте го овој чекор, бидејќи тој ќе го задржи лакот подолго време. И не само тоа, за жените чии нокти се листаат, овој чекор е задолжителен, бидејќи ќе спречи испукување на лакот.
Ацетон пред лакирање
Обавезно поминете со памук натопен во ацетон пред да ја нанесете основата за да ги исчистите ноктите од сите маснотии. На тој начин, бојата ќе трае многу подолго.
Последниот слој
Да, звучи премногу… Основа, лак, па завршен слој. Но, тоа е чекорот што ќе ве спаси од внимавање еден час да не го расипете лакот додека да се исуши. Завршниот слој за брзо сушење ќе ви овозможи да функционирате целосно нормално за само десет минути. И другата предност е тоа што им дава прекрасен сјај на ноктите.
Ракавиците се многу корисни
Не само поради маникирот, туку и поради убавината на целите раце – секогаш кога миете садови, дури и да е само една чаша, ставете ракавици.
Поправки
Во средината на неделата, веројатно е дека ќе треба малку да го поправите вашиот маникир. Едноставно ставете уште еден слој лак, а потоа завршниот слој и ќе изгледа како штотуку да сте се излакирале, а најдобро од сè, потребни се помалку од десет минути.