Ново истражување открива дека учењето пред спиење ја подобрува способноста на учениците да се потсетат на информациите. Научниците велат дека тие одлучиле да го проучат влијанието на спиењето врз меморијата бидејќи, иако има многу истражувања за придобивките од сонот, експертите од оваа област сè уште не знаат дали спиењето или останувањето буден подолго време (понекогаш дури и цела ноќ) ќе предизвика заборавање на информациите.
Истражувачите ги поделија студентите на Харвард во две групи, оние кои имаа навика да спијат најмалку шест часа и ги замолија да запаметат два збира од пар на зборови – еден збир на зборови беше некако поврзан, како што се „училиште“ и „табла“ а вториот беше составен од случајни и неповрзани зборови. Едната група ги научи овие зборови во девет наутро, а потоа го продолжи својот нормален ден. Додека другата група ги научи тие зборови во 21 часот и после тоа отиде на спиење. Спиењето не влијаеше на тоа дали учесниците може да запомнат поврзани парови на зборови, сепак, оние кои легнаа веднаш откако научија неповрзани парови на зборови, можеа побрзо и полесно да ги запомнат.
Уште подобро, научниците заклучија дека кога легнувате откако научивте нешто, го успорувате губењето на меморијата – брзината со којашто ги заборавате нештата – откако ќе се разбудите. Ова ни кажува дека спиењето е клучен дел од учењето на нешто ново и игра важна улога во формирањето на нови спомени. Значи, спиењето наместо да се учи цела ноќ, изгледа како добар избор.