Честопати им завидуваме на славните на беспрекорниот тен, особено го земаме во предвид фактот дека тие многу често користат тешка шминка поради големиот број на фотосесии и интервјуа.
Најдобар пример за тоа се сестрите Џенер, – еве неколку трикови кои овие убавици ги користат за да имаат и одржат беспрекорен тен.
Допирањето на лицето е забрането
Постарите сестри ни го дадоа најдобриот совет. Бидејќи Кортни, Ким и Клои се постари од нас, тие поминаа низ сè што ние минуваме, а тоа вклучува и нега на лицето. Ми рекоа никогаш да не го допирам лицето со валкани раце, никогаш да не ’копам’ по лицето и редовно да ставам хидратантна крема “, кратко и јасно вели Кендал Џенер.
Извадете ја шминката пред спиење
Ја отстранувам шминката секој ден пред спиење и тоа треба да биде златно правило за секоја девојка. Ова е проследено со чистење и откако кожата е целосно чиста, корисам крем за лице, објасни Кајли Џенер.
Рутината за чистење на лицето се менува
Ништо не е како порано, технологијата дефинитивно влегува во сите сфери од нашите животи. Тоа го менува не само начинот на комуникација, туку и начинот на кој се грижиме за себе. Вашата мајка во младоста само го миела своето лице со вода но сега ние имаме разни средства за чистење на лице, гаџети и креми за разни намени и типови на кожа… И овие иновативни производи одлично го негуваат вашето лице.
Вода, вода и само вода
„Водата го хидрира целото тело, вклучително и лицето. Вашата кожа ќе биде поздрава, тенот е многу поубав и ќе се чувствувате подобро “, вели Кајли и се согласуваме. Може да купите кул шишиња или да инсталирате мобилни апликации што ќе ве потсетуваат дека треба да пиете доволно вода за да може и грижата за телото да биде забавна.