After Midnight

Трите најмоќни совети кои ќе ти помогнат да ја зачуваш љубовта

Љубовта нема граници, нема форми и услови. Ако би можеле да го разбереме тоа, немаше да имаме потреба да гледаме тажни филмови со чоколадо и сладолед на тони околу нас.

Запрашајте се како се чувствувавте првите неколку дена по запознавањето со саканата личност
Ако не можете да се сетите на тоа чувство и искуство, треба да се гледа како знак за предупредување. Кога за прв пат доживуваме „љубов“ со одредена личност, имаме огромно чувство на слобода и среќа.

Нашите сетила стануваат посилни, го цениме животот, сè е „баш како што треба“.

Љубовта е вечна, неизмерна
Кога навистина сакаме некого, тоа треба да биде безгранично. Треба да можеме да сакаме некого толку многу, што самата помисла на таа личност ќе нè задоволува.

Кога стануваме приврзани за некого, ние копнееме за присуството на таа личност цело време. Дури и да знаеме каде е таа – тоа не е доволно за нас. И тоа е опасно.

Откако ќе научиме и прифатиме дека љубовта нема крај, дека може да се почувствува помеѓу светови и океани, тогаш ќе ја разбереме важноста на дозволувањето на слободата и просторот. Не само на вашиот сакан, туку и на вас самите.

Безусловната љубов е дефиниција за прифаќање на несовршеноста
Безусловната љубов сфаќа дека ништо не е совршено, но и дека несовршеноста е совршенство. Приврзаноста е супер критична, проценувачка, контролирачка и сериозна.

Ако некогаш сте се фатиле себеси како донесувате одлуки за вашата сакана и / или им држите предавања за промени, за тоа како не ги исполниле вашите очекувања – вие сте на пат кон страдање.

Безусловната љубов никогаш не станува приврзаност. Таа прифаќа и сака сè, дури и чуден мал прст или искривен заб. И траги од спиење наутро и мирисот на појадок, звукот на птиците и начинот на кој се справува со своите проблеми, начинот на кој плаче или како станува нервозен кога нешто не оди како што треба.

Напиши коментар