Најверојатно твоите другарки ги запозна сосема случајно: Во автобус, кога наставникот ве натера да седите заедно, на големиот одмор… Но, фактот дека сеуште сте другарки, секако не е случајност.
Секоја група има потреба од разновидност, така што секогаш постои динамика. Само помислете: Кога сите во вашата банда би биле исти, би имале ист вкус за момчињата, тоа би било прилично чудно!
Ако твојата група има некои од овие типови во која било комбинација, тогаш сте на вистинскиот пат…
ПРИНЦЕЗА
Сакате да ја задевате, бидејќи таа постојано вреска кога ќе види пајак, кога косата ќе и се навлажни во базенот и кога ќе се извалкаат нејзините бели патики. Таа е скапоцена и е малку разгалена, но вие го сакате тоа што никогаш не се согласува на ништо помалку од совршено. Ќе го врати чизбургерот, ако во него нема краставички. Ќе им го одвлече вниманието на луѓето ако се однесуваат кон вас или кон неа со непочитување. Затоа што е кралица, разбирате?!
КОМИЧАРКА
Нема ситуација што оваа пријателка не може да ја направи уште подобра, со своите смешни вештини. Комичарот од групата е таму за да ја развесели бандата, дури и кога сите се уморни. Колку е погласна, толку повеќе недостасува кога ја нема! Понекогаш е тешко да ја сфатите сериозно, но кога ќе се расправате со вашето момче, таа секогаш ќе биде тука.
УТЕШИТЕЛОТ
Таа секогаш ги смирува тешките ситуации, и е засолниште каде што секој може да се исплаче и секогаш размислува со главата во кризни моменти. Тешко е да се поверува дека сте на иста возраст, бидејќи нејзината мудрост ја надминува нејзината возраст и секогаш го има најдобриот совет. Но, може да биде навистина исцрпувачко да играте улога на утешител во групата и да се грижите за сите други, како и за себе, затоа бидете секогаш тука за да ја ислушате кога неа ќе и биде тоа потребно.
ОСЛОБОДЕНА, ВО СЕКОЈА СМИСЛА НА ЗБОРОТ
Не се грижи за популарните групи и нивните хитови, нема никакви чувства кон славните музички бендови што ги сакаат сите … понекогаш се чини дека е на сосема друга, своја, бранова должина! Таа не ја следи толпата, избегнува драма и некои од нејзините навики се малку неконвенционални – таа е индивидуалец. Да се најде сопствен пат понекогаш е тешко, но оваа девојка разбива во тоа. Доказ дека нашите откачени страни нè прават единствени.
ПО МАЛКУ ОД СЕ
Постои и член на бандата кој не се вклопува во ниту една од овие категории, бидејќи таа е на сите страни! Таа е смешна, но не е секогаш кловн, дава паметен совет, има дива страна и повеќе од еднаш била твое рамо за плачење. Кога ќе дојде до драма, таа е гласот на разумот. Има по малку е од сè. Аплауз за оваа девојка.