Креативниот дизајнер и музичар, Лансана Листер (25), од Велика Британија ја искористи пандемијата предизвикана од Коронавирусот за да му го претстави својот нов талент на светот. Лансана прави колажи од уништени и оштетени сообраќајни знаци, претворајќи ги во херои од цртаните филмови или холивудските класици.
Ова момче ги сече нивните фотографии дома, а потоа во форма на сликички ги лепи на сообраќајните знаци, автомобили, бетон, па дури и на есенските паднати лисја, што беше случај со познатата Лиза Симпсон.
„Открив дека сакам да правам нешт уште додека бев на колеџ. Како што се појави ТикТок, решив да се забавувам и таму. Не очекував толку масовна и позитивна реакција од луѓето, па некако оваа грда година решив малку да ја разубавам со колажи “, вели Листер.