Free zone

Урбани митови (лаги) за женското тело во кои сите веруваме!

Лекарот може да потврди дали девојката е невина или не

Дури и ако користи лупа која зголемува 10 пати, лекарот не може со сигурност да направи разлика меѓу невина девојка и сексуално активна, а тоа е потврдено со повеќе студии. Иако, некои луѓе мислат дека хименот е како печат што стои сè додека девојчето не ја изгуби невиноста, тоа не е точно.

Мажите и жените имаат потреба од еднаква количина на сон

Едно истражување, спроведено на повеќе од 6.000 испитаници, открило дека жените кои спијат пет или помалку часови ноќе, имаат двојно поголем ризик од хипертензија отколку жените кои спијат седум или повеќе часа. Не постои таква врска помеѓу машкиот пол.

Жената не може да забремени за време на менструацијата

Иако шансите една жена да забремени за време на менструација се минимални, сепак можноста постои. Откако ќе се најде во женското тело, спермата може да оплоди јајце клетка и до една недела подоцна. Овулацијата може да се појави наскоро по менструацијата, па дури и за време на менструацијата.

Напиши коментар