Free zone

Утрински навики за поубав ден

Можете да го започнете денот со ставање аларм, станување од кревет и негодување, или можете да го започнете со добри утрински навики, коишто ќе ви помогнат да имате поубав ден.

Станете рано

Раното будење има многу добри ефекти, вклучително и можноста да се подготвите да ја напуштите куќата во мир и полека, наместо да трчате разбушавено и набрзина. Што е уште поважно, кога ќе станете рано, исто така ќе имате време ментално да се подготвите за сè што ве чека. Станувањето рано, ќе ви помогне да се придржувате до другите препорачани навики, така што денот ќе ви започне убаво.

Насмевнете се и мислете позитивно

Насмевнете се веднаш штом ќе се разбудите! Кога се насмевнуваме, во организмот се ослободуваат допамин и ендорфин, така што веднаш ќе се чувствувате подобро! Смеењето го зајакнува и имунитетот, па затоа направивте нешто добро за вашето расположение и за вашето здравје.

Наместете го креветот

Експертите велат дека оваа мала „завршена задача“ ќе ви помогне уште од рано наутро да се чувствувате успешни и задоволни. Да речеме дека ја одбележавте вашата прва дневна обврска и денот може да започне.

Измијте ги забите и јазикот

Ако сте како повеќето, сигурно ги миете забите после појадокот. Но, подобро е да го сторите тоа веднаш штом ќе се разбудите, со цел да ги измиете бактериите што се собираат во устата во текот на ноќта. Не заборавајте да го измиете и јазикот! Откако ќе ги измиете забите и јазикот, испијте чаша топла вода со лимон, тоа ќе ги стимулира црниот дроб и бубрезите, ќе земете витамин Ц, што е многу важно за здравјето. Некои експерти советуваат овој пијалок да го пиете со сламка, за да го заштите непцето на забите од киселина.

Истегнете се

Утринското истегнување ќе ви помогне да ги релаксирате мускулите и да го зголемите протокот на крв, така што наскоро ќе бидете поподготвени за сè што ве чека.

Напиши коментар