Овен – Близнаци
Ова е највозбудливата комбинација во Зодијакот. Кога овие два темперамента ќе се судрат, се случуваат луди авантури кои се паметат и се прераскажуваат цел живот.
Бик – Рак
Во вистинска смисла на зборот, тие се навистина сродни души! И двајцата сакаат удобност и се многу романтични, вистински сродници на Зодијакот. Тие сакаат да се негуваат и да се грижат еден за друг, поради што прават совршена комбинација.
Лав – Вага
Двете најголеми „фаци“ на Зодијакот во комбинација прават совршенството. Двата знака се грижат за својот изглед и имаат потреба да бидат во врска. Освен што ги привлекува нивниот физички изглед, тие исто така си одговараат и по темпераментот, се грижат еден за друг и ги прават најдобрите забави во градот.
Скорпија – Девица
Најкомплицираните и недоверливи знаци едноставно мора да одат заедно, затоа што само така можат да си помогнат еден на друг да се спуштат на земјата и да гледаат на работите од малку поинаква перспектива. Нивниот сексуален живот е навистина на завидно ниво.
Стрелец – Водолија
Двата најчудни знаци во хороскопот, дефинитивно! Ова е најнапредната и најинтересната двојка која постојано го мотивира другиот да ја постигне целта. Нивните разговори се неописливо забавни и секогаш се првенствено најдобри пријатели.
Јарец – Риба
Стари сродни души во хороскопот, интровертни и сложени. Тие секогаш ќе можат да си помагаат еден на друг во откривањето на делови од себе за кои дури и не знаеле дека постојат. Оваа комбинација ужива во една голема и долга љубов.