Free zone

Вечно прашање: Дали е подобро да се мие косата наутро или навечер?

Ако ја миете косата пред спиење, можеби сте забележале дека таа се мрси и дека треба почесто да ја миете.

Експертите велат дека тоа е очигледно само затоа што за време на спиењето, косата се притиска на перницата, поради што се губи волуменот и поради тоа изгледа нечисто.

Никој не сака да има фризура без волумен, па поради таа причина ја миеме косата на секои два дена, а таа навика не е воопшто здрава.

Имено, по сушењето, косата останува малку влажна, а влажната коса е многу помека од сувата и полесно се крши. Тоа е главната причина зошто вашата коса следното утро може да делува многу неуредно.

Постои уште еден аргумент против миење на косата навечер, а тоа е создавање на габи. Тие сакаат влажни и топли места, а влажната коса и меката перница се добитна комбинација.

Никогаш не заспивајте со целосно Мокра коса. Ќе се разбудите наутро со главоболка и габички, а ќе се создаде и првут.

Поради сето горенаведено, најдобро е да ја миете косата наутро и и добро да ја исушите.

Меѓутоа, ако треба да ја миете косата навечер, добро исушете ја, користете производи за волумен и спијте на свилена перница.

Напиши коментар