Лав и Рак
Врската на овој пар никогаш не завршува добро. Додека Раковите очекуваат длабока, духовна и отворена врска со нивниот партнер, несигурноста на Лавот носи немир во нивната идеја за љубовна идила. Лавовите се склони кон екстремни промени во љубовта.
Самоуверени се и подготвени да го му го дадат целото внимание на партнерот, но тие се и саркастични и цинични и ја критикуваат секоја мала работа што ја прави нивниот партнер. Чувствителните Ракови го прифаќаат ова однесување емотивно и го вклучуваат нивниот одбранбен механизам, кој главно се состои од незадоволство и лутина, што на крајот ја уништува врската.
Јарец и Водолија
Двајцата се многу тврдоглави и упорни, и тоа е една од главните причини зошто се привлекуваат едни со други, но во исто време, тоа е и главниот „камен за сопнување“ во нивната врска. Додека Јарците функционираат врз основа на тоа како се чувствуваат, Водолијата е практична. И поради тоа, со текот на времето, излегува дека Водолиите се шефови во врската, оставајќи ги Јарците да се борат за својата позиција. Овој однос на моќ, со текот на времето, доведува до експлозија во двата знака и често завршува со расправија и многу насилно раскинување.
Овен и Девица
Овните се самоуверени, не сакаат многу да зборуваат, а особено да лелекаат за љубовните проблеми. Не сакаат да глумат, додека на Девиците им треба внимание, па затоа се премногу комплицирани за Овенот. Доколку Овенот се заљуби во една Девица пред да ја запознаат добро, ќе имаат само главоболки.