Astro&Horoscope

Венера во Скорпија – Нашите желби стануваат посилни и од нас самите!

Венера ќе остане во знакот на Sкорпија до 15.12. и во тој период ќе се стремиме кон интензивна блискост и длабока поврзаност со нашата втора половина. Ова е приказна за длабока, страсна, интензивна и екстремна љубов. Нашите желби стануваат посилни, посилни од нас самите, а инстинктот нè тера да направиме нешто што никогаш не сме замислувале дека би го направиле.

Венера во Скорпија е приказна за љубовта, бидејќи Венера е љубов, но не било каков вид на љубов. Ова е приказна за длабока, страсна, интензивна и екстремна љубов. Кога оваа Венера би била опишана со само два збора, најдобриот опис за тоа би бил „сè или ништо“. Оваа Венера не толерира површност и просечност, поради што во љубовните врски се дава целосно, но исто толку бара за возврат, ни помалку ни повеќе. Оној кој ја сака оваа Венера треба да биде подготвен за целосно предавање и длабока страсна врска. Венера во Скорпија е сензуална и тешко поминува незабележана, а со тоа љубовта може да биде фатална. Бидејќи Венера престојува во знакот на Скорпија, ние ќе се стремиме кон интензивна интимност и длабока врска со нашата друга половина. Љубовта ќе ја доживееме преку физичка привлечност и целосна посветеност.

Нашите желби стануваат посилни, посилни и од нас самите, а инстинктот нè тера да направиме нешто што никогаш не сме замислувале дека би го направиле. Страста ги руши сите граници додека ги доживуваме најдлабоките трансформации во нас самите. Во знакот на Скорпија, Венера е на местото на протерување. Ова значи дека тука не и ’е најдобро, не е нејзино природно опкружување, па сега може да ја изгуби силата и слободното изразување. Под влијанието на Скорпија и некои пониски страсти, оваа Венера веднаш станува опсесивна, љубоморна и драматична. Постојат две крајности – целосна љубов или огромна омраза. Не постои средина за неа.

Нејзиниот емотивен пат не е воопшто лесен и како да е од инает, таа е во постојана потрага по својата сродна душа.

Напиши коментар