Дизајнерката и една од највлијателните модни икони на денешницата, Викторија Бекам, неодамна беше гостинка во шоуто на Елен Деџенерис, а меѓу другото, разговорот се сврте и кон денешните трендови.
Поранешната „Спајс девојка“, која изгледа беспрекорно елегантно дури и во најлежерното издание, откри што никогаш не би носела.
На прашањето на водителот дали има некој тренд што ја збунил, сопругата на Дејвид Бекам одговори:
„Кроп топ! Забележувам дека голем број жени го носат. И, знаете што, има уште една работа – кога носат јакни спуштени на рамената.. Знаете како ми делува тоа? Како навистина да не им е грижа, дури и не се трудат“, рече таа.
Ким Кардашијан е една од славните личности кои често го носат ова парче.
И Оливија Кулпо често можеме да ја видиме во ова издание.
Емили Ратајковски го носи во разни комбинации и бои, со тренерки, фармерки, здолништа…