After Midnight

Вистинска љубов постои, но само доколку ги исполните овие критериуми

За да можете да сакате некого и навистина да бидете во здрава, среќна врска, треба да започнете од себе.

Започнете така што прво ќе се засакате себе

Секогаш треба да се ставите себе на прво место. Обрнете внимание на она што вашето тело ви го кажува, слушајте ги вашите сопствени чувства. Кога тоа ќе стане навика, ќе можете подобро да ги препознаете чувствата што ги имате кон некого, но и да разберете на време дека не го добивате навреме она што ви треба, а не откако срцето веќе ви е скршено. Можете да препознаете дали се чувствувате смирено и сигурно, дали сте исполнети со мирна љубов што ви се враќа или сте нервозни и несигурни, па затоа обидот да му угодите на вашиот партнер понекогаш оди против себе, мешајќи го интензитетот со квалитетот. Размислете за тоа кога ќе запознаете некого и продолжете да размислувате така кога ќе започнете врска.

Набљудувајте, наместо да дејствувате цело време

Ако постојано се обидувате да смислите некоја забава, ако го поминете секој слободен момент заедно, лесно може да се случи да пропуштите некои важни работи. Наместо тоа, следниот пат кога ќе влезете во врска…набљудувајте како се одвиваат работите, наместо да се обидувате најдобро да ги насочите на начин на кој сте замислувале дека треба да изгледа врската.

Прифатете го вашиот партнер таков каков што е

Со други зборови, обидете се да престанете да се заљубувате во она во што таа личност може да се „претвори“. Имајте на ум дека луѓето се менуваат многу, многу ретко. И кога тие навистина се менуваат, тоа скоро никогаш не се случува заради некој друг.

Секогаш кажувајте како се чувствувате

Не очекувајте дека некој ќе ви го прочита умот, дури и ако таа личност е личноста која ве сака. Кога сте задоволни, споделете го тоа со вашиот партнер, кога не сте – кажете јасно, за да можете да зборувате за тоа што ве мачи. Сите заслужуваме некој на кого ќе му бидеме сè на светот.

Напиши коментар