Celebrity

Вистинско чудо: Мајли Сајрус на самиот врв на листата на најуспешни рок албуми

Пред неколку дена излезе новиот албум на пејачката Мајли Сајрус, а нејзиниот успех веднаш сите ги изненади. Новите песни добија добри оцени од критичарите, како и од обожавателите. Сега, за прв пат, албумот на Мајли Сајрус се најде на топ листата на најдобри рок-музички албуми, бидејќи пејачката е позната по своите поп-песни. „Plastic Hearts“ дебитираше на врвот на топ-листата на Билборд, наречена „Тop Rock Albums“.

Во исто време, дури седум песни од албумот се најдоа на списокот на најдобри рок и алтернативни песни. Фановите се воодушевени од фактот дека Мајли сега плива во водите на рок-музиката, тие со години и велеа дека тој жанр ќе и одговара.

Оваа година, Мајли е четвртата жена што се наоѓа на самиот врв на листата уметници со најдобри рок албуми во текот на 2020 година. „Plastic Hearts“ е вистинско освежување и најдобар албум на младата пејачка.

Напиши коментар