After Midnight

Внимание: Како да препознаете нездрава љубовна врскa пред да стане премногу доцна!

Како да препознаете невротична емоционална врска, открива познатиот руски психолог Михаил Лабковски:
„Ако врската не ви одговара од која било причина, таа веќе може да се карактеризира како нездрава. Јас лично сум против било какво „ама“, кога станува збор за емоционалните врски.
Кога сакате некого, тој може да има милион недостатоци или да биде целосен кретен, тоа не го менува фактот дека го сакате. Но, за здрава врска, најважно е да сакате сè во врска со вашиот партнер. Подобра опција е кога двајцата имате ист недостаток, затоа што тогаш тоа не може да ве вознемирува.

Но, ако работите тргнат наопаку, и вие страдате поради тоа, тука веќе зборуваме за невроза. Тоа е најнездравиот вид на врска.

Ако му кажете на вашето момче дека нешто ве вознемирува, и тој не прави ништо во врска со тоа, ретко има помош. Тука постојат две опции – или прифатете го тоа како такво или заминете.

Невротична врска исто така може да успее, но важно е во тој случај вашите неврози да се совпаѓаат. Сè друго е осудено на пропаст во форма на раскинување или болест на еден од партнерите по долго страдање. Тоа дефинитивно се случува.“

Напиши коментар