After Midnight

Внимателно на почетокот: Овие нешта не смеете да ги правите додека сè уште ја градите вашата врска

На почетокот на врската, за која ќе процените дека вреди да се вложува, важно е да бидете мудри. Ова значи дека постојат одредени погрешни чекори или одлуки што можат скапо да ве чинат.

Не зборувајте за поранешното момче

Никој не сака да слуша од својот партнер за поранешните љубови. Се разбира, на почетокот ќе ги споделите вашите искуства од минатото, но постојаното споменување на вашиот поранешен партнер може да изгледа многу сомнително за вашиот сегашен.

Не се претварајте дека сте нешто што не сте

Не глумете! Бидете природни и оставете вашиот партнер да ве сака токму онакви какви што сте. Заслужувате да имате некој што ќе ја цени вашата вистинска личност. Ова може само да ја уништи вашата врска.

Не обидувајте се да влијаете премногу на вашиот партнер

Исто како што тој треба да ве сака без оглед на се, така и вие треба да го сакате него. Не обидувајте се да влијаете премногу и да го промените. Тоа не е добро за долгогодишна врска. Ако сфатите дека не ви се допаѓаат премногу работи во врска со него, подобро е да продолжите, отколку да се обидувате насилно да ја менувате неговата личност и карактер.

Не се запоставувајте себе поради вашиот партнер

Новата врска е прекрасно искуство и почетокот е обично најубавиот дел, но тоа не значи дека треба целосно да ги занемарите пријателите и семејството. Нормално е дека малку ќе „страдаат“, но не претерувајте. Ако, случајно, работите не одат како што треба, ќе зажалите што толку многу го запоставивте животот.

Не донесувајте избрзани одлуки

Оставете малку време да помине, пред да се одлучите за големи чекори, како што се заеднички живот, свршувачка и слични работи. Не брзајте, бидејќи не добивате ништо. Уживајте во прекрасниот почеток и оставете ги работите да се одвиваат сами по себе.

Напиши коментар