Astro&Horoscope

Во 2021 година сите нас нè очекуваат 3 големи предизвици

Ретрограден Меркур се јавува три или четири пати годишно и е познат по својата негативна енергија, лоша комуникација, дезинформации, несреќи и потешкотии. Оваа планета влегува во ретроградна фаза кога ќе започне да се движи во спротивна насока од Земјата. Кога планетите се движат од исток кон запад, тогаш тие се директни, а кога се движат од запад кон исток, тогаш тие се во ретроградна фаза. Меркур се движи најбрзо од сите планети и тоа е причината зошто неговите ретроградни фази се случуваат само 3 до 4 пати годишно и не траат долго. Во зависност од знакот во кој е позициониран, секој ретрограден Меркур има различно влијание.

Еве кога точно ќе се одвива ретроградната фаза на Меркур во 2021 година:

  • од 30 јануари до 21 февруари 2021 година – ретрограден Меркур започнува да се движи во знакот на Водолија и завршува во знакот на Јарец.
  • од 30 мај до 23 јуни 2021 година – ретрограден Меркур започнува да се движи во знакот на Близнаци и завршува во знакот на Бик.
  • од 27 септември до 18 октомври 2021 година – ретрограден Меркур започнува да се движи во знакот на Вага и завршува во знакот на Девица.

Ретрограден Меркур е тука за да ни ги уништи плановите, да нè потсети на нашите слабости и да направи чекор назад. За време на неговото влијание, можни се конфликти, недоразбирања, дискусии и дистанцирање – од себе и од другите. Сепак, секој ретрограден Меркур со себе носи една важна и добра работа – Нова животна лекција.

Напиши коментар