Celebrity

Во духот на новогодишните празници: Роби Вилијамс објави нов сингл!

Британскиот музичар, Роби Вилијамс, дефинитивно не дозволува овогодишниот Коронавирус да го „украде“ Божиќ, за што сведочи и неговата последна песна, насловена како „Can’t Stop Christmas“.

Поп-sвездата смисли духовита верзија на традиционална британска божиќна песна, со многу смел осврт на неочекуваниот тек на оваа година, сето тоа проследено со позитивна мелодија, ѕвона и знамиња и смешна забелешка дека санките на Дедо Мраз оваа година се на два метра растојание.

Новиот сингл ќе се најде на делукс верзијата на албумот „The Christmas Present“, кој беше издаден во стандарден формат пред една година, поточно во ноември 2019 година.

Роби навистина верно го прикажа Божиќ 2020 година, заменувајќи го стравот со надеж и со порака: „Никој не може да ни ги земе Божиќните и Новогодишни празници“.

Напиши коментар