Дали веќе го гледавте новото продолжение на „After“? Сите зборуваа за овој филм откако неговото прво продолжение се појави минатата година. Сега пристигна и вториот дел, а луѓето станаа уште позависни. Добрата вест е дека серијалот е далеку од крајот, бидејќи следуваат уште две продолженија во иднина!
Новото продолжение на големиот филмски хит „After“, со наслов „After We Collided“ е полно со OMG моменти и жешки сцени помеѓу Теса и Хардин, а тука е и новиот лик Тревор, олицетворен од Дилан Спроус. Секој што го гледал првото продолжение, секако со нетрпение чека да го гледа и ова, а кој сè уште не се навлекол, ќе го стори тоа. Врската на Хардин и Теса постојано се соочува со искушенија и иако новото продолжение создаде љубовен триаголник во чиј центар се наоѓа Теса, а според книгите, треба да има најмалку два љубовни триаголници и во двата Теса да се најде во центарот. Проблемот што го откри продуцентот на филмот беше што тие немаа доволно време да покажат сè од книгата, еден триаголник не е вметнат. Иако режисерот на почетокот на снимањето рече дека ќе се држи што е можно поблиску до книгите, невозможно е да се стави сè, од книгата во час и половина до два часа филм. Во новото продолжение, врската на Теса и Хардин е во искушение кога ќе се појави Тревор, момчето со кое Теса работи и кое се интересира за неа.