Astro&Horoscope

Во кој град треба да живеете според вашиот хороскопски знак?

ОВЕН – Њујорк (САД) Ништо не може да ги исплаши овните, па дури ни огромниот нов град како што е Њујорк. Ова е вистинското место за луѓето родени во овој знак, бидејќи ќе се вклопат во најбрз можен рок. Сакаат што секогаш има гужва околу нив, дека нешто се случува и дека ќе имаат многу опции, а сето тоа можат да го најдат на едно место. Нема да има ден кога ќе ви биде здодевно. Веќе се замислувате дека се наоѓате во некоја епизода од „Пријатели“!

БИК – Фиренца (Италија) Опкружени се со многу убави работи, имајќи живот што вклучува многу луксуз, уметност, мода и фина храна, тоа за вас е сон. А, не некој што не е невозможно да се постигне. Идеалното место за Бик се некои од градовите во Италија, а еден од оние што ќе го освојат секој Бик е Фиренца. Тука ќе најдат сè што им треба и ќе уживаат како никаде на друго место.

БЛИЗНАЦИ – Лондон (Англија) Знак кој секогаш стои цврсто на земја со двете нозе и кој не е проблематичен да се прилагоди на новите работи ќе се снајде одлично во Лондон. Освен возењето од спротивната страна на патот, времето е различно и многу врнежливо за разлика од овде, но за Близнаците сето тоа ќе биде само нов предизвик што едвај ќе чекаат да го освојат. За овој знак е исто така важно дека секогаш кога ќе му текне, може брзо да се врати дома да ги види своите родители и пријатели.

РАК – Париз (Франција) Раковите се луѓе на кои преселбата не им звучи примамливо, затоа им треба град што апсолутно ќе ги маѓепса и ќе ги остави без зборови. Може ли да најдете подобро место од Париз? И покрај тоа што е голем град, можете да најдете еден дел што е само за вас, без разлика дали е тоа во центарот на случувањата или некаде на страна, сè зависи од вас. Раковите ќе уживаат да бидат опкружени со толку многу различни култури и толку многу различни луѓе на едно место, сето тоа зачинето со еден куп романса и фини кроасани.

ЛАВ – Лос Анџелес (САД) За лик кој сака да биде во центарот на вниманието и лудиот социјален живот, Л.А. за вас ќе биде како место од соништата. Овој град ќе ви понуди толку многу можности, полн е со енергија и вашите социјални мрежи ќе изгледаат како никогаш досега. Во еден момент овде ќе се чувствувате како дома, а не е лошо и тоа што секогаш е сончево и топло.

ДЕВИЦА – Љубљана (Словенија) Понекогаш забораваме дека многу блиску до нас се наоѓаат многу кул места. Иако сите сакаат да смислуваат шеги на сметка на Словенија, нејзиниот главен град е убаво место што би било идеално за живеење за Девиците. Девицата е знак кој не сака да се движи далеку или кој воопшто не сака да се движи, но сепак сака некои промени. Кој вели дека треба да одите далеку за такво нешто?

ВАГА – Копенхаген (Данска) Авантурите за Вагата претставуват нешто најдобро во светот. Не може да се замисли целиот свој живот да го помине во мал град, но секако не е за големи и хаотични градови како Њујорк или Лондон. Најидеалното место за Вагите би бил Копенхаген. Градот е полн со историја, мода и е идеален за возење велосипед! Без разлика дали го истражувате градот или шетате некаде наоколу – авантурата ве чека.

СКОРПИЈА – Дубровник (Хрватска) За овој воден знак, идеалната локација е на море, а за такво нешто нема смисла да се оди далеку кога ќе имаме еден куп големи градови во близина, односно во Хрватска. Дубровник би бил град погоден за Скорпиите, само треба да му дадат шанса. Кој знае каква иднина ве чека тука – можеби ќе завршите во некоја епизода на „Игра на тронови“, па дури и да отворите свој ресторан.

СТРЕЛЕЦ – Чианг Маи (Тајланд) Ако некој обожава да патува, тогаш тоа се луѓето родени во знакот на Стрелец. Дајте им пасош и пари и повеќе нема да ги видите. Иако тие би сакале да патуваат низ целиот свет – што е исто така одлична опција, кога еден ден ќе им биде доста од промена на локациите, една каде што ќе можат да се сместат е Чианг Маи на Тајланд. Егзотичните земји се посебни на свој начин, а Стрелците сакаат нови култури, нови локации, но истовремено го сакаат и својот мир.

ЈАРЕЦ – Виена (Австрија) Град полн со културно наследство, но и знаменитости и историја најмногу им одговара на Јарците. Виена е вистинското место за нив затоа што сигурно ќе ја задоволи нивната желба за културно воздигнување. Тие не се луѓе на кои им треба луда промена и не се некои што ќе патат ако не се покрај море или ако постојано нема сонце и високи температури. Сериозната Виена ќе биде вистинската локација за Јарецот.

ВОДОЛИЈА – Амстердам (Холандија) Најдоброто место за Водолијата е Амстердам, бидејќи овој град е луд, исто како вас. За единствена личност како вас, која секогаш гледа сè на свој начин, ова место ќе ви легне како ниедно друго. Освен што е wow град, тој не е типичен европски град и има толку многу различни атракции што нема да ги најдете на друго место.

РИБИ – Сиднеј (Австралија) Сиднеј можеби е малку далеку од вашиот дом, но тој е полн со пријателски расположени луѓе кои ќе ве натераат да за момент да заборавите колку сте далеку. Ова е уште еден град кој нуди толку многу, а кој е голем плус за Рибите, бидејќи тие нема да мора да учат нов странски јазик, туку само да се прилагодат на различниот акцент од англискиот јазик.

Напиши коментар