Free zone

Во која година од животот сме најатрактивни, а кога заработуваме најмногу?

Постои совршен период во животот за започнување на учење странски јазик, како и период кога изгледаме најдобро. Од 7 до 48 година на животот, секој период ни носи нешто ново.

Истражувањата покажаа дека во секој период од животот сме најдобри во некоја работа. Во зависност од тоа како се развиваат нашето тело и мозок, постојат моменти кога особено добро ќе апсорбираме ново знаење и кога ќе бидеме најдобри во некоја друга активност. Кои години од животот се најдобри за што?

7 години – учење на странски јазик

Луѓето кои почнуваат да учат друг јазик пред да наполнат 10 години имаат поголеми шанси да научат течно да го зборуваат, се вели во истражувањето. Децата кои почнуваат да учат англиски јазик во градинка и пониски одделенија, знаењето што го стекнуваат и продолжуваат да го развиваат, може да доведе до тоа да зборуваат на друг странски јазик без најмал проблем. Сè уште не е откриено зошто човечкиот мозок има потешкотии со учењето јазик откога кога ќе пораснеме. Ова не значи дека не можеме да учиме странски јазик во подоцнежните години, туку дека ќе мора да учиме многу повеќе за да го зборуваме течно. Значаен период во животот кога треба да започнете да учите странски јазик е и на возраст од 17 или 18 години.

23 години – ние сме најзадоволни од нашите животи

Во Германија, спроведено е истражување на дури 23 000 луѓе за да се открие во кој период од животот луѓето се најзадоволни од себе, од своите достигнувања, од својот живот. Се покажало дека тоа било на 23 години, а потоа повторно на 69.

25 години – ние сме најсилни

Ние секогаш имаме некоја причина зошто во моментов нема да направиме редовна физичка активност, да одиме во теретана или да се запишеме на некој спорт. Никогаш не е доцна да започнете редовно да вежбате или да спортувате. Најсилни сме на 25-годишна возраст, кога силата на мускулите е на својот врв.

26 години – наоѓање на личност со која ќе го поминеме остатокот од животот

Математичарите тврдат дека најдобро време да најдете личност со која ќе го поминете животот е на 26-годишна возраст, бидејќи тоа е златната средина. Значи, ако сте под 26 години и сè уште немате момче / девојка или сериозна врска, не е сè изгубено!

31 година – играње шах

Кога ќе дојдете во оваа година, експертите тврдат дека тогаш имате најдобри вештини и способности да станете вистински мајстор во шахот.

32 години – памтење на лицата на луѓето

Памтењето на лицата на луѓето што ги некогаш сме ги сретнале е тешко, но добрата вест е дека стануваме најдобри во тоа кога ќе ја поминеме 30тата година од живтот.

48 години – најдобра плата

Според статистичките податоци, ова се години кога треба да заработувате најмногу во животот. Секако, секогаш има исклучоци, но истражувањата покажаа дека до тогаш нашата плата расте и овие стануваат години кога сме на врвот на кариерата, а паралелно со тоа, имаме и најголема плата.

Напиши коментар