Проблемот е што многумина сметаат дека за љубовта треба да се борат дури и кога се во лоша фаза од врската, каде што нивните партнери се омаловажуваат или се навредуваат едни со други. Борбата за таков вид на врска е борба со ветерници. Брачниот терапевт, д-р Гери Браун, смета дека за врската треба да се бориме само во одредени ситуации.
Борбата за врската значи дека нема да се предадете само затоа што работите меѓу вас не се секогаш фантастични. Тоа значи да се биде со некого и во добро и во зло. Да бидеме јасни – тоа не значи дека треба да останете со некој што ве понижува. И тоа не значи дека треба да се борите за некој што е лош кон вас.
Ако чувствувате дека нема почит помеѓу вас или на кој било друг начин сте омаловажени, имате право да ја напуштите таквата врска веднаш штом сте подготвени. Не треба да се борите за токсична врска, ниту за врска во која постојано се карате, вели д-р Браун. Најдобар начин да откриете дали вашата врска вреди да се продолжи е да ја погледнете поголемата слика.
Ако сте наишле на проблеми, тоа не значи дека е време да застанете. Ако сте создале солидна основа заснована на доверба и взаемно почитување, тогаш имате стабилна врска што ја сакате и двајцата. Д-р Браун вели дека во врската секогаш треба да размислите за еден друг фактор: сличност во размислувањето.
Знаете дека за врска вреди да се борите ако сте компатибилни во најмалку 80 проценти од работите што се важни за двајцата – вклучително и споделени вредности и погледи за животот. Двајцата партнери мора да учествуваат во промените и компромисите.
Ако и двајцата сте подготвени да преземете одговорност за вашето однесување и сакате да вложите дополнителен напор да ја поправите ситуацијата, за вашата врска, тогаш можеби вреди да се борите.