After Midnight

Во просек вистински се заљубуваме само четири пати во животот

Кога станува збор за за заљубување, тешко е да се објасни зошто, кога и во кого ќе се заубиме, нели? Од друга страна, понекогаш се вљубуваме површно, а понекогаш се појавуваат длабоки чувства, па ако нема ништо од врската, остануваме тажни и скршени. И тогаш нашите пријателки скокаат да ни помогнат и да ни кажат дека не е важно, дека момчето е мајмун и дека има уште многу риби во морето и дека не смееме да жалиме за него.

Но, според новото истражување, ниту за заљубувањето не трае вечно. Имено, научниците во истражувањето (во кое учествувале 2000 испитаници) откриле дека просечен човек вистински се заљубува само четири пати во животот!

Според истото истражување, просечен маж се скрасува на 27-годишна возраст, а 33 проценти остануваат верни на својата прва љубов. Дури 61 процент од испитаниците признале дека жалат што дозволиле љубовта на својот живот да им замине, а 8 од 10 фатално се заљубиле во најмалку една личност во дваесеттите, 4 од 10 во триесеттите, а 3 од 10 на четириесет години.

Од друга страна, откриено е дека 41 процент од нас се заљубува во некој што не би требало, а некои тоа го прават повеќе пати. Еден од 20 признава дека ја повторил истата грешка пет или повеќе пати – на списокот на „забранети“ бил партнерот на најдобриот/та пријател/ка, странец, па се наведени дури и родителите на најдобриот пријател или пријателка.

Напиши коментар