After Midnight

Во тоа е тајната! Пет квалитетни мажи кои знаат како да ја освојат и задржат жената

Сите знаеме барем еден маж кој нема проблем да освои жени.

Тој секогаш успева да стигне до дамата што му се допаѓа и да го задржи нејзиниот интерес.

Таквите мажи имаат нешто заедничко, а тоа се овие квалитети.

1. Внимателност

Жените нема да им одолеат на внимателните мажи кои не се ставаат себеси на прво место. Внимателноста првенствено и најзначајно се манифестира преку малите работи што често ги запоставуваме, како што се отворање врати или отстапување место во јавниот превоз за стари лица.

Тука се и многу поголеми и поважни дела.

Ако мажот е спремен да го откаже излегувањето со пријателите во време кога навистина ви треба, тоа покажува дека тој се грижи за вашите проблеми.

2. Флексибилност

Можеме да планираме колку сакаме, но животот секогаш ќе нè изненади кога најмалку ќе очекуваме. Затоа е важно да бидете флексибилни и поради овој квалитет мажот ќе порасне во очите на жената.

Способноста да се справат со (не)очекуваните промени и навремено да одговорат на нив е моќен „афродизијак“ затоа што маќот со тоа ипокажува на жената дека е силен и стабилен, а тоа е она што особено го сакаат припадничките на понежниот пол.

3. Самопочитување

Овој квалитет не треба да се меша со егоизам. Човек полн со самодоверба не е заљубен во самиот себе, тој е само свесен за неговите доблести и не дозволува да се манипулира. За разлика од егоистот, тој е смирен и нема да слушнете од него само-пофалби, но тој секогаш ќе биде горд на добро сработената работа, додека она што е лошо направено, веднаш ќе се обиде да го поправи.

Еден човек што се самопочитува и покажува на жената дека ќе се однесува и кон неа со почит.

4. Способност за преиспитување

Жените бегаат од мажи кои мислат дека знаат сè. Без разлика за кој аспект од животот се работи, човекот кој не размислува за своите постапки затоа што смета дека нема што да научи од своите грешки, не е доверлив човек.

Постојаното повторување на старите грешки во љубовната врска и немањето волја за промена укажува на незрел човек.

5. Сигурност

Сите ние имаме одредени комплекси, помали или поголеми, кои влијаат на тоа како се однесуваме кон себеси и кон другите. Сепак, само најхрабрите од нас ќе ги решат и ќе се обидат да се ослободат од нив.

Маж кој е уверен во себе, не мора да се ослободи од сите комплекси, но тој дефинитивно нема намера да им дозволи да влијаат на тоа како ги третира жените.

Напиши коментар