Стрелец
Стрелците се фантастични луѓе, навистина, без најмал сарказам, прекрасни се.. Но, кога станува збор за верност, тие се едноставно премногу непредвидливи и слободоумни за некогаш да можат да се посветат 100% некому. Ова не значи дека секој Стрелец на овој свет е неверен, но ако постои хороскопски знак за кој сериозна врска и останување верен на еден партнер е вистинска борба, тогаш тоа се тие. Тие се толку желни за нови искуства што постојано ги привлекува сè што е ново и непознато, а тоа, за жал, честопати се рефлектира во нивните љубовни односи.
Водолија
Водолијата е крајно амбициозна, особено кога станува збор за промена на светот на подобро, што е, освен, од една страна, прекрасна карактеристика, а од друга нивна слаба точка. Тие се одлични филантропи и честопати одат до оној степен до кој се во можност да ја жртвуваат сопствената врска за поголемо добро. Водолијата нема да биде толку привлечена од други луѓе, колку од желбата да остане на работа до доцна навечер.
Риба
Рибите се одлични љубовници, но доаѓаат во комплет со еден голем проблем – тие често се заглавуваат во нивните волшебни, имагинарни светови водени од нагонот да стигнат до тревата, која, според нив, секогаш е позелена на други места. Рибите сакаат да бидат заљубени, но не го сакаат чувството да бидат заглавени на некое место. Повеќе од сè, тие сакаат нивните животи да бидат еволуција на нивните интереси, па штом ќе добијат чувство дека ја надминале врската, тие едноставно ќе продолжат во некоја нова насока, сакале вие или не.