Astro&Horoscope

Врска на далечина? Никако со овие три хороскопски знаци!

Близнаци – Тие честопати се многу лош избор за врска на далечина, бидејќи обично се неодлучни и никогаш нема да бидете на чисто со нив. Понекогаш мислите дека сè е во ред, а тоа е далеку од вистината. На Близнаците им е многу лесно истовремено да бидат во две врски, без никој да се посомнева.

Лав – Лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието. Ако нивниот партнер не може да го постигне ова баш кога ќе им текне на нив, тие едноставно ќе најдат некој што е поблиску. Во нивниот идеален свет, саканата личност мора да се „создаде“ таму каде што сакаат, кога ќе посакаат. Со врска на далечина, ова не е можно.

Водолија – Тие ја сакаат слободата и се уметнички души. Дружењето со пријателите често им е приоритет број еден, а кога нешто лошо ќе се случи или некој ќе ги повреди, тие прво ќе побараат утеха од партнерот. Ако станува збор за врска на далечина, тешко е да се предвидат таквите ситуации, така што Водолијата може да се чувствува изневерена и повредена.

Напиши коментар