Free zone

Всушност, колку често треба да се мие косата?

Недоволно миење на косата може да доведе до првут, иритација, затнати пори, па дури и опаѓање на косата, додека премногу честото миење на косата може да го исуши скалпот, да предизвика воспаление и да ги стимулира жлездите да произведуваат уште повеќе природни масла. Колку често треба да се мие косата?

  • Секој вид на скалп и коса е уникатен и има свои потреби и затоа нема универзален одговор на прашањето колку често да се мие косата. За здравјето и убавината на косата, би било идеално да ја миете косата на секои три до четири дена – советуваат дерматолозите.
  • Повеќето луѓе не треба да ја мијат косата секој ден, ниту пак секој втор. Колку често треба да ја миете косата зависи од повеќе фактори.

Постојат и специфични совети за секој тип коса:

ПРАВA ТЕКА КОСА
Често изгледа помрсна отколку што е навистина, па затоа ве доведува до искушение да ја миете премногу често. Меѓутоа, ако имате тенка и права коса и ја миете секој ден, таа ќе стане уште помрсна бидејќи секојдневното испирање на заштитниот слој на жлездата, предизвикува таа да излачува повеќе. Мијте ја секој трет ден, со шампон кој дава волумен. Во итни случаи, шампонот за суво миење ќе ви помогне.

ГУСТА КОСА
Миењето на густата коса еднаш до двапати неделно ќе биде доволно, бидејќи скалпот со густа коса ги крие мастите подобро од другите. Ако скалпот ви чеша или косата собира повеќе нечистотии, користете шампон кој содржи масло од чајно дрво, што е ефикасно средство за чистење на порите и е добро за нега на кожата.

ВИТКАНА КОСА
Кога станува збор за препарати за ваков тип на коса, изберете шампони без сулфат. Мијте ја секој трет ден ако имате тенка брановидна коса и ако е густа и многу виткана, еднаш неделно. Исто така, помага чешлањето пред миење, а после миење, само завиткајте ја косата во крпа некое време и исушете ја природно. Ова ќе ги задржи кадриците.

Напиши коментар