Free zone

WhatsApp воведе новитет во испраќањето пораки – Новата опција е одлична кога сакате да споделите некоја тајна

Опцијата „исчезнување пораки“ ја има на Инстаграм веќе некое време, а сега ја имаме и на WhatsApp. Сосема е кул кога сакате да разговарате со некого за нешто тајно што другите не треба да го знаат.

Кога ја користите опцијата „disappearing messages“ на WhatsApp, пораките што ќе ги испратите некому, сами ќе се уништат за 7 дена. Како никогаш да не постоеле. За ова се зборуваше некое време, а сега конечно е тука. WhatsApp дури издаде упатства како да ја користите оваа нова опција. Може да ви се најде, па дури и ако немате што да кажете некому нешто таинствено, едноставно забавно е. Оваа опција можете да ја користите и во разговори со една личност, како и во групни разговори. Во групните разговори, единствениот проблем е што само администраторот на тој разговор може да ја вклучи / исклучи оваа опција, другите членови не можат. Кога ќе ја вклучите, сè што ќе испратите ќе исчезне. Пуф!

Оваа опција нема да влијае на претходните пораки, ниту на оние што ќе ги испратите подоцна. Ништо нема да им се случи. Лесно е да ја вклучите, само треба да го отворите разговорот со лицето со кое сакате, кликнете на името на таа личност и изберете ја опцијата „Dissapearing messages“, вклучете ја и тоа е тоа.

Напиши коментар