After Midnight

За луѓето кои влегуваат и излегуваат од нашиот живот – Да требало да бидат тука, ќе биле тука!

Кога сте млади, често имате желба да бидете пријател со секого. Премногу се грижите за тоа што мислат другите за вас. Можеби сте направиле одредени работи, што веројатно не би се осмелиле сега да ги направите, само за да бидете прифатени од некој. Сепак, тоа исто така има влијание и врз создавањето на лоши пријателства. Тогаш не сте ги разбрале знаците за предупредување или не сте биле навикнати да препознавате дека другите ве „газат“. Како што станувавте позрели, така станувате сè помалку подготвени да трпите одредени работи. Немате време за незрели глупости, иако тоа значи дека повеќе нема да гледате некои луѓе со кои сте поминале многу време. Повеќе би сакале да поминувате време сами, отколку со некој што прави да се чувствувате осамено.

Сепак, тоа не значи дека не сте пријателска личност. Зборувате со луѓето, се дружите со нив, правите разни забавни активности со нив, но не ги пуштате да влезат внатре. Не им ги доверувате своите тајни. Не им дозволувате да видат кога сте ранливи. Веќе одамна ја поминавте точката каде ви треба нов најдобар пријател. Дури и ако не сте во добри односи со пријателката за која сте мислеле дека е најдобра за вас, едноставно не ве интересира повеќе. Не, не сте песимисти, ниту депресивни. Едноставно, немате време за тоа, затоа што сте решиле така. И тоа е сосема во ред.

Кога ќе престанете да се грижите за другите луѓе и започнете да се сакате себе, тогаш работите почнуваат да се менуваат на подобро. Престанувате да правите работи за да им угодите на другите и почнувате да правите работи за да се задоволите себе си. Многу пријателства се „распаднале“ поради овој едноставен факт.

Штом престанете да им дозволувате на другите да се однесуваат лошо кон вас (на пример: тие се тука само кога им одговара), тогаш сфаќаат дека повеќе немаат корист од вас. Почнувате да се подобрувате. Внатрешно, на сите можни начини. Станувате личноста која вистински знае што сака.

Напиши коментар