Celebrity

За неа се зборува дека е злобна и бесчуствителна: Мајли Сајрус е позната по тоа дека нема влакна на јазикот

Според „Daily Mail“, пејачката во скандинавското шоу „Скавлан“ изјавила дека не поминала долго време во плачење поради разводот со Лиам Хемсворт (30). Мајли објави дека се развела од актерот, кој често е на листата на најсекси мажи во светот, во август 2019 година, само осум месеци по романтичната церемонија. Таа објасни дека брзо научила како да продолжи со својот живот, по две години траума, во кои го загуби својот дом во пожар и почина нејзината сакана баба. Мајли откри дали станала повеќе или помалку емотивна со текот на годините.

“Ако ги прашате момците со кои раскинав, ќе ви речат дека сум помалку емотивна, но јас мислам дека сум повеќе. Би рекла дека постои една ледена страна, што ги следи жените кои навистина продолжуваат со животот. Поминав низ многу трауми и загуби во последните неколку години. Имав пожар во куќата во Малибу и неодамна поминав низ развод, а почина и баба ми со која бев многу блиска“, изјави Мајли.

“На некој начин не поминував премногу време плачејќи и тоа не е затоа што сум ладна личност или намерно избегнував да чувствувам нешто, туку затоа што тоа нема да промени ништо. Се обидував да бидам активна во она што можам да го контролирам, во спротивно ќе почнам да се чувствувам како да сум заробена“, додаде таа.

Таа истакна дека и е полесно да се помири со тешките моменти ако продолжи понатаму. “Се лекувам преку движење. Се лекувам преку патувања и запознавајќи нови луѓе. Ако изгубите една личност, друга влегува во вашиот живот”, заклучи пејачката.

Напиши коментар