Free zone

За панталоните да ви стојат совршено, не е доволно да внимавате само на величината – Постои уште еден детал кој може да биде пресуден!

Кога одите да купите панталони, немојте да брзате и да го одберете првиот модерен модел. Црните панталони се важно парче во гардеробата на секоја жена и можат целосно да го променат изгледот на вашата фигура.

Користете го овој краток водич и секогаш ќе имате добар одговор на прашањето – што да облечам?

Најдобри панталони за високи девојки

Ви одговараат модели што се потесни во горниот дел, со ногавици кои малку се шират. Тие ќе ги нагласат вашите долги нозе.

Ако мислите дека сте превисоки и сакате малку да ја маскирате висината, тогаш за вас се тесните, панталони – цигари со пократки ногавици.

Најдобри панталони за пониски девојки

Избегнувајте шорцеви

Ако навистина сакате пократок модел, тогаш направете го и горниот дел пократок.

Идеално е да носите кроеви со благо продолжени ногавици со нагласена должина – ако носите чевли со високи потпетици, панталоните нека бидат што е можно подолги.

Најдобри панталони за девојки со пошироки колкови и бутови

Одредете ја најшироката точка на колковите. Од неа па надолу, панталоните треба да бидат прави.

Тесните ногавици дефинитивно треба да се избегнуваат.

Најдобри панталони за девојки со изразени облини

Секогаш бирајте пошироки модели, но не премногу широки.

Експериментирајте со асиметричните кроеви – храбри модели кои имаат некои издолжени, вертикални набори – ова може да биде многу ефикасно.

Најдобри панталони за девојки со нагласен стомак

Изберете класични, прави црни панталони, по можност „на пегла“.

Никогаш не носете модели со фалти или набори на половината.

Најдобри панталони за пополни девојки со нагласен стомак

Во никој случај не бирајте премногу тесни или премногу широки панталони.

Тие треба да бидат доволно лежерни за да не ги истакнуваат облините, но премногу ширина ќе направи да изгледате уште поголеми.

Од материјалот, добро е да се избере посилен памук или квалитетна мешавина со полиамид.

Напиши коментар