Free zone

За сите зависници од никотин: Овие три намирници морате да ги додадете во вашата исхрана

Ако сакате вашите бели дробови да бидат здрави, тогаш откажувањето од пушењето е вистинската работа, но она што е на вашата чинија е исто толку важно, бидејќи одредена храна може да го подобри здравјето на вашите бели дробови.

Студијата, објавена во „Европскoто респираторно списание“, опфатила 680 лица, од кои некои биле непушачи, некои поранешни пушачи и сегашни пушачи. Тие одговорија на прашања во врска со нивната сегашна исхрана и беа извршени мерења на спирометар, тест што ја мери функцијата на белите дробови, врз основа на вдишување и издишување. Тие го повториле тестот 10 години подоцна. Истражувачите заклучиле дека колку повеќе јаболка, банани и домати јаделе поранешните пушачи, толку помалку оштетување имало на нивните бели дробови, во тој период.

Ова е многу важно, затоа што стареењето и пушењето се најголемата причина за намалена функција на белите дробови. Оваа храна е добра бидејќи содржи многу антиоксиданти кои помагаат во намалување на воспалението на органите за дишење и потенцијално го подобруваат здравјето на белите дробови.

Друга група на антиоксиданти, наречени флавоноиди, исто така може да биде одговорна за ова. Овие состојки се наоѓаат во голем број овошје и зеленчук и го олеснуваат дишењето. Ова објаснува зошто јаболката и бананата се поврзани со помало намалување на функцијата на белите дробови.

Овие намирници помагаат во санирање на оштетеното ткиво на белите дробови, предизвикано од повеќегодишно пушење. Претходните истражувања покажаа дека луѓето кои јадат храна богата со каротеноиди (пигментот кој се наоѓа во портокалово, црвено и жолто овошје) имаат помала веројатност да развијат рак на белите дробови.

Резултатите се одлични и за оние кои се откажуваат од пушењето, така што оние кои престанаа да пушат и ја збогатија исхраната со ликопен, го намалија ризикот од карцином на белите дробови за дури 52 проценти.

Напиши коментар