Free zone

За вашите кратки нокти секогаш да бидат убави и средени: Маникир кој нема да остане незабележан!

Ако правилно ги негувате, кратките нокти можат да изгледаат феноменално.

Нивната прва и најголема предност е практичноста. Сепак, многу луѓе мислат дека кратките нокти не можат да изгледаат привлечно како и долгите. Доколку имате проблем со кршење на ноктите, дефинитивно ви препорачуваме пократки и ви нудиме неколку интересни идеји за маникир, со кој кратките нокти ќе изгледаат фантастично.

Овие нокти се едноставни, но сепак импресивни. Во зависност од бојата што ќе ја одберете, оставете еден прст на секоја рака и на него нанесете малку сјаен лак, што ќе им даде на вашите нокти доза на елеганција и гламур.

Класичниот француски маникир веројатно никогаш нема да излезе од мода, но секогаш ќе гледаме разни варијанти, како што е оваа со златен, наместо бел врв, што ги прави кратките нокти уредни и убави за око.

Слично на случајот со кралскиот француски маникир, и тука обликувајте ги ноктите во форма на коцка, со тенки триаголници на врвот, коишто ќе ги пополните со некоја друга боја.

Ваквиот маникир никогаш нема да излезе од мода. Без разлика дали ќе ја изберете црвената, која е вечна класика, или некоја друга боја, вашите нокти, доколку се грижите за нив, секогаш ќе изгледаат убаво и негувано.

Напиши коментар