After Midnight

За врска полна со љубов и разбирање: Три навики кои потполно ќе го променат вашиот однос!

Емотивната врска помеѓу две лица е нешто што бара многу енергија и турбуленции, со цел да се постави врската на цврста основа и да се има сигурност, поддршка и најдобар другар истовремено.

Олеснете му го животот на вашиот партнер со едноставни работи

Можете да го менувате и олеснувате животот на вашиот партнер секој ден, со помош на мали нешта. Одете во продавница наместо него, напишете мејл или едноставно подгответе ја и испеглајте ја облеката за на работа, за да не губи време на тоа. Подгответе му готов оброк и бакнете го пред да излезе. Покажете преку мали нешта колку ви е грижа, бидејќи секој, па и најмалиот знак на внимание значи – Те сакам.

Не сфаќајте сè лично

Оваа навика е клучна за здрава врска, бидејќи за да можат навистина да функционираат две лица заедно, ниту едно од нив не треба да го сфаќа секој збор на партнерот премногу лично, бидејќи тоа може да доведе до раздор и дискусија. За да функционира вашата врска, треба да изградите однос што ќе се заснова на искрена комуникација, без страв од тоа што ќе мисли другиот кога ќе го кажете она што го мислите.

Дајте простор еден на друг

Колку и да се сакате и да уживате во заедничките моменти, дајте си простор еден на друг да им се посветите на вашите навики и на пријателите. Понекогаш е здраво да се држите настрана еден од друг барем неколку часа, со цел да создадете нови теми за разговор и да почнете да си недостасувате.

Напиши коментар