Понекогаш е тешко да се процени што мисли некој за тебе или како те перципира, особено ако се однесува малку заинтересирано, а малку не. Во секоја ситуација, може да се потпрете на говорот на телото. Тоа ќе ти открие повеќе отколку што можат зборовите.
Науката понекогаш е забавна и корисна. Истражувачи од Универзитетот во Канзас се занимаваа со флертувањето и дојдоа до заклучок дека од лицето на една личност може да се прочита многу. Сите понекогаш сме малку збунети и не знаеме што сакаме или како да пријдеме некому. Ова ќе биде особено корисно за сите први состаноци што следат во твојот живот. Дури и тогаш, можеш да ги побараш овие знаци и да видиш дали има надеж за нешто или никогаш повеќе нема да те повикаат.
Резултатите покажаа дека постојат три изрази на лицето, т.е. гестови со главата што луѓето ги прават кога некој им се допаѓа. Првиот е дека главата им е малку навалена на едната страна и надолу, втората е потполно логична, а тоа е насмевката и третиот е погледот насочен кон таа личност, не лево или десно, туку кон таа личност.