Free zone

Зачин кој ги уништува сите бактерии во храната: Главна состојка е од азијската кујна и одлично се комбинира со секое јадење!

Тоа е Сечуански бибер, популарно познат како кинески коријандер.

Сечуанскиот бибер е важен зачин во кинеската и индиската кујна, којшто се користи за зачинување на солени и слатки јадења. Освен лесната лутина, нема друга сличност со класичниот бибер.

Се добива од два вида растенија, од родот Зантоксил, поради што има лесна цитрусна нота, којашто добро се комбинира со печурки, но и егзотични десерти.

Во кинеската народна медицина, овој зачин се користи со векови наназад, како уништувач на лошите бактерии, па затоа е особено популарен кај посиромашното население, кое понекогаш не може да го избере потеклото и свежината на храната.

Најновите истражувања покажаа дека овој зачин е одлична алатка за слабеење и уништување на целулитот.

Како да го користите?

Сечуанскиот бибер во зрно најдобро е лесно да се подготви во тава, а потоа да се сомеле. Само лушпите се користат за зачинување на храната, а сјајните црни зрна се фрлаат, затоа што имаат горчлив вкус и текстура налик на песок, што може да го уништи вкусот на храната.

Напиши коментар