Ако е животот сложувалка составена од различни моменти, тогаш сигурно може да се каже дека сакаш некои од неговите делови.
Чекор 1 – Сакајте ги оние со кои сте
Да, невозможно е да избегате од сите оние кои ве нервираат, но можете да го ограничите времето што го поминувате со погрешни луѓе. Опкружете се со вашите најмили пријатели, оние за кои навистина се грижите. Тие моменти поминати со семејството и пријателите ќе ги паметите засекогаш.
Чекор 2 – Грижете се за вашето здравје
Ова не значи дека ако не сте здрави, треба да го мразите животот. Тоа значи дека треба да се грижите за вашето здравје и тоа ќе ве направи посреќни. Секој знае дека вежбањето го елиминира стресот, ја зголемува самодовербата и ги балансира хормоните во телото. Но, здравата исхрана прави чуда и кога станува збор за нашето расположение.
Чекор 3 – Бидете со слободен дух
Ослободете се. Од критики на луѓе за кои не се грижите. Од непотребни обврски. Од чувството на срам или вина и завист, што го трујат вашиот живот. Не брзајте и обидете се да се опуштите што е можно повеќе. Заборавете на другите и што велат тие за вас. Заборавете на лајковите, споделувањето и селфињата. За прв пат во животот размислете што сакате и што ве прави среќни.