Сите ние уживаме во храната и сме страствени гурмани и без неа неможеме. Како и за се друго и за храната постојат некои интересни факти кои не ги знаеме.
Прочитајте неколку во продолжение:
- Млечната чоколада ја измислил Даниел Питер а концептот му го продал на својот комшија Хенри Нестле.
- Переците всушност нивниот облик симболизира прекрстени раце.
- Три четвртини од ловот на риби служи за исхрана, а остатокот се користи за производство на сапун, лепак, маргарин и ѓубриво.
- Да би се направило еден килограм мед, пчелите мора да посетат 4 милиони цветови.
- Поосле доматот, бананата е најпопуларната овошка на светот.
- Постојат повеќе од 10 000 врсти на домати.
- Ако изедете голема количина на морско оревче тоа може да ви предизвика халуцинации.
- Во средниот век шеќерот бил скапа намирница дури и 9 пати поскапа од млекото.
- Виното се продава во затемнети шишиња бидејќи се расипува на светло.
- Сите 13 минерали потребни на човекот за живот може да се пронајдат во алкохолот.
- Кечапот се до 19 век се користел како лек против дијареја.
- Јаболките пловат во вода затоа што имаат 25 проценти воздух во својата содржина.
- Кикириките се една од состојките на динамитот.
- Пченката секогаш има непарен број на зрна.
- Французите годишно извезуваат 140 милиони шампањ а за локална употреба произведуваат уште 180 милиони шишиња.