Astro&Horoscope

Жената родена во овој хороскопски знак е секогаш еден чекор пред сите!

Жената Водолија е интелигентна, женствена и нежна – но, на свој посебен начин. Не обидувајте се да и наметнете строги правила и не очекувајте да го прави она што не го сака: таа секогаш ќе остане само своја и исклучително посебна, секогаш оригинална и никогаш копија.
Дел од нејзината привлечност лежи во нејзината недостижност и незадржливост – честопати е тешко некој да ја разбере, но тоа е затоа што Водолијата е секогаш своја. Стереотипите за неа не важат и невозможно е да се „стави во фиока“ затоа што таа е силна неконформистка и бега од социјалните правила и норми. Таа секогаш прави свои работи и не сака кога другите ќе и кажат што треба да направи.
Од друга страна, таа е хуманитарец и има големо срце, секогаш е подготвена да помогне, без разлика дали се работи за финансиска, емотивна или било кој друг вид на помош.

Таа сака напредок, но на лично ниво не сака промени. Силно е поврзана со своето минато и спомените ги чува како најголемо богатство, а лојалноста ја носи на ново, подлабоко ниво – не само да му остане лојална на нејзиниот партнер, туку и на одреден бренд, продавница, ресторан, тим, музичар и така натаму, во добро и во зло.

Напиши коментар