Free zone

Жените со кафени очи прават една огромна грешка: Погледнете каква боја на сенка треба да користите вие!

Лесно им е на жените со кафени очи.

Секоја шминка им одговара.
Тоа, сепак, баш и не е точно.

Згора на тоа, повеќето жени со кафени очи ја прават истата грешка во шминкањето и користат „топли“ кафеави сенки, бидејќи сметаат дека ќе им се вклопат во бојата на очите и дека ќе изгледаат природно.

Ефектот до кој доведува оваа грешка е, за жал, уморен и поспан изглед.

Ако имате кафени очи, она што треба да се најде во вашата колекција на шминка е палета на нијанси со „ладни“ бои, како што се темно сина, сива, нежно розова и виолетова. Овие бои ќе им дадат на вашите очи вистинска заводлива нота, вие ќе изгледате свежо и опуштено.

Ако имате палета со „топли“ кафеави нијанси и не сте подготвени да се ослободите од неа, она што можете да направите е да нанесете кафеава сенка само на надворешниот агол на окото, а остатокот од очниот капак да го наполните со светкава боја на шампањ, која ќе ги отвори очите и ќе им даде посебен сјај.

Џенифер Тротер, позната шминкерка, предупреди дека треба да бидете внимателни и при изборот на боја на руменило и кармин. Ако имате кафени очи, најдобри нијанси за вас ќе бидат нежните розови тонови, кои ќе му „дадат“ на вашето лице неколку дополнителни часови сон, коишто не сте успеале да ги отспиете.

Напиши коментар