Вагите имаат беспрекорен стил на облека, а кога е модата во прашање, тие се неспорни меѓу хороскопските знаци.
Гардеробата на овој хороскопски знак е преполна со разни парчиња облека, кои испуштаат софистицираност и едноставност.
Тие носат и неутрална гардероба од едноставен крој создаден за сите прилики, и гламурозни вечерни тоалети со светки. Вештината за балансирање помеѓу најновите трендови и класичниот стил ги издвојува од останатите.
Вагите секогаш знаат кога да се вклопат во околината, и кога има можност да блеснат во полн сјај.
Тие соодветно избираат комбинации на облека.
Тие се сопственици на парчиња облека на кои им се верни, без оглед на се. Тие се водат од фактот дека квалитетот е поважен од квантитетот, а така тие избираат стил.
Тие секогаш ќе претпочитаат да си дозволат подобро и поквалитетно парче облека што можат да го носат со години, отколку облека што е во тренд во тој момент.
Беж мантил или палто, омилена кошула или фустан – ова се парчињата облека, на коишто Вагата секогаш им се враќа.
Тие исто така знаат како да балансираат помеѓу строгите парчиња и лелеавите модели.
Вагите обично одат на шопинг со цел и тие секогаш знаат точно што сакаат. Не им е потребна ничија помош при купување.
Одлична претставничка на овој хороскопски знак е оскаровката Гвинет Палтроу.
Во 2002 година ги изненади сите со изборот на црн фустан од Александар Меквин, со кој сакаше да донесе малку „панк“ на доделувањето.
Десет години подоцна, таа блесна во бела креација на Том Форд, која се истакнуваше токму по својата едноставност.