Контроверзноста околу тоа која големина на машката гордост најмногу одговара на жените никогаш не престанува.
Ова е причината зошто научниците решија да ја разоткријат вечната дилема: Која е идеалната големина на пенисот?
Научниците од Универзитетот во Мексико и Универзитетот во Калифорнија тврдат дека го имаат одговорот, а откриваат дека жените не се толку пребирливи како што мажите често мислат.
Студијата опфати 75 жени на возраст меѓу 18 до 65 години кои се хетеросексуални и имаат постојани сексуални односи.
На секоја од нив им беа презентирани 33 „модели“ на машки генитални органи со големини од 10 до 21,5 см и беа запрашани – која големина на пенисот е најатрактивна за долготрајна врска, а која за авантура преку ноќ.
Тие дошле до заклучок дека големината во опсег од 12 до 16 см е најпосакувана кога станува збор за долга врска, а кога станува збор за една ноќна авантура, жените повеќе претпочитаат малку поголема форма и велат дека најпосакуваната големина е од 16 до 17 см (во ерекција).
Совршената дебелина е некаде помеѓу три и пет сантиметри.
Должина на пенисот помала од 11,43 и поголем од 27,4 сантиметри се карактеризира како „незадоволителна“.
Просекот е 13,2 сантиметри. Британски научници потврдија дека „нормален“ се смета пенисот со ерекција од 13,2 сантиметри.
Просечната должина на опуштен пенис е 9,16 сантиметри, пренесува Daily Mail.
Просечната машка алатка во ерекцијата е долга 11,6 сантиметри и 9,3 сантиметри во опуштена состојба, се вели во анализата на 17 студии спроведени врз 15.521 мажи.