Free zone

Животот е поубав и побогат кога читаме книги

Саемот на книгата е можност да се збогати библиотеката со нови наслови. Се смета дека тинејџерите никогаш не читале помалку затоа што растат во атмосферата на паметни телефони, таблети, компјутери, па затоа е тешко да ги убедите да земат книга во раце. Истражувањата потврдуваат дека во споредба со периодот од пред три децении, бројот на ученици што читале е намален за три пати. Ситуацијата е особено загрижувачка кај постарите деца, па затоа секој втор деветогодишник чита секој ден, а истото го прави секој петти седумнаесетгодишник.

Иако многумина тврдат дека љубовта кон читањето се развива од најраните денови, обидете се да го замените својот паметен телефон со книга, барем за некое време. Бидејќи, таа навика ќе ви биде од голема корист подоцна во животот. Експертите истакнуваат дека читањето е важно затоа што развива имагинација, емпатија, разбирање за другите, толеранција, емоционална интелигенција, критичко размислување, вокабулар.

Напиши коментар