Во здрава љубовна врска, партнерите се надополнуваат и се прават среќни. Сепак, поради стравот од осаменост, многумина се во врска со погрешен партнер, со кого само губат време.
Експертите открија неколку сигурни знаци дека сте во врска со погрешен партнер и дека треба да продолжите понатаму, ако забележувате некој од овие знаци.
Точно, не е лесно да се стави крај на врската, особено по неколку години, но секогаш е подобар избор отколку да се чувствувате празни, осамени и несреќни во друштво на погрешна личност.
Ако не можете да му верувате и да се потпрете на него, тогаш бидете сигурни дека ова не е личноста за вас. Не е важно дали се работи за ситници, бидејќи несигурните луѓе се такви кога станува збор за мали нешта, но и за големи. Вистинскиот партнер ќе гледа како да ви го олесни животот и нема да очекува од вас сами да се грижите за сè, односно, секогаш ќе можете да се потпрете на него.
Ако не растете и не се подобрувате со вашиот партнер, добро размислете дали тој е добар избор за вас. Партнерот кој се грижи, ќе ве поддржува во работи што се добри и позитивни, исто како што и вие се грижите за него.
Добар показател дека нешто не е во ред со врската е ако не можете да бидете најдобрата верзија на себе си, кога сте со некого.
Ако во последно време често размислувате за некој друг со кој сте ‘кликнале’, добро размислете дали и колку сте задоволни во вашата моментална врска. Можно е да сте осамени или да сакате да почувствувате нешто што не е врска.
Луѓето кои се среќни во нивната врска немаат потреба да размислуваат за однос со некој друг или за тоа како е подобро да живеат сами.
Ако вашиот партнер постојано ве испрашува и проверува како воопшто да не ви верува, тоа не е добар знак. Ако постојано треба да ги оправдувате своите постапки, каде сте биле, со кого сте биле, тоа сигурно не е врска за вас.
Постојаните објаснувања можат да бидат исцрпувачки и да остават лоши траги врз вашето ментално здравје.
Исто така, ако се чувствувате како некој да ве исклучил и генерално се чувствувате незадоволни, тоа е прилично јасен знак дека нешто не е во ред со вашата врска, односно дека ги поминувате деновите со погрешна личност.