Free zone

Знаете ли која е најбараната боја на коса за оваа зима?

Жените уживаат во промената на косата само доколку се убедени дека новата боја на коса ќе им донесе не само убав изглед, туку и лесно одржување!

Знаеме дека Koронавирусот прави планови за нас во последно време и не можеме да бидеме толку редовни на фризер. Затоа е полн погодок кога бираме нијанса која изгледа добро и кога не е најсвежо обоена. За есен и зима 2020/2021 година, фризерите препорачуваат бојата на цимет, којашто е пријатна и богата. Во никој случај не се препорачува сами да ја мешате оваа боја, бидејќи тоа треба да го направи професионалец. Добар колорист сигурно ќе одлучи да ја обои основата на косата во кафеава боја и да вметне црвеникава само на прамените.

Тоа е тајната на вистинската нијанса на цимет. Ако сакате поинтензивна варијанта, можете да се одлучите и за омбре техниката. Сите холивудски дами кои сакаат кафени нијанси, а особено оние со темни очи, веќе планираат да отидат на итно шатирање!

Напиши коментар