Првиот состанок со новото момчее „настан“ што ви одзема многу енергија и нерви и се обидувате исклучително многу за да бидете најдобри. И, секако, првиот состанок е важен и затоа му посветувате толку многу внимание, но треба да знаете дека вториот состанок е поважен.
За време на првиот состанок, се обидувате да оставите најдобар можен впечаток, но вториот состанок е клучен бидејќи за време на него се прави заклучок дали таа личност е потенцијален партнер или не?
На момчето со кое сте биле на првиот состанок треба да му се даде можност за втор, без оглед на впечатоците од првиот состанок. Имено, мажите кои бараат љубов и врска ќе бидат подготвени да одвојат дополнително време за вас, а тоа е втор состанок.
Затоа, обидете се да одите на вториот состанок и да ги зголемите шансите да се роди љубов.